Антонио Конте и покрај пропуштената шанса на Диего Коста од пенал да донесе победа, беше задоволен од освоениот бод на Челси на „Енфилд“ во домот на Ливерпул. Италијанецот го спореди натпреварот синоќа со тој против истиот ривал во почетокот на сезоната на „Стемфорд бриџ“.
– На крајот на натпреварот можевме да победиме. Штета што Диего не постигна гол од пенал, бидејќи тој игра многу добро. Нерешениот резултат како гостин кај Ливерпул не е лош резултат. Задоволен сум бидејќи видов сосема поинаква игра од натпреварот против Ливерпул во почетокот на сезоната, кога загубивме на домашен терен. Одлично е нашето место на табелата, но не мислиме на тоа, ни претстои дерби со Арсенал, а тој натпревар воопшто нема да биде лесен – рече Конте.
Нерешениот резултат во Ливерпул добива уште повеќе на вредност по домашниот пораз на Арсенал и ремито во Сандерленд на Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.