| четврток, 6 декември 2018 |

Јорданка Ивановска- Јоци: Нема да се сложам со Влада која ќе се согласи за промена на химна, знаме и Устав

joci-600x400

Никогаш нема да се сложам со Влада која ќе се согласи за промена на химна, знаме, Устав со втор албански како втор службен јазик, ќе ја чепне Преамбулата во Уставот, плус федерализација на мојата земја, без попис како доказ за 20 отсто, со демагогии и дилови под маса, во лажно име за некаква си граѓанска Македонија, напиша на својот Фејсбук статус новинарката Јорданка Ивановска Јоци, еден од истакнатите поддржувачи на СДСМ.

– Интимно, емотивно, длабоко човечки, јас не се борев за ова. Јас се борев за Македонија во која социјалните теми ќе бидат приоритет, а оние кои краделе ќе бидат казнети. Граѓанска Македонија подразбира еднаквост на сите во неа и грижа за секого, а не коруптивна екслузивност во остварување на сепаратистичките желби на еден етникум за доаѓање на власт.  Пред изборите, сите ги демантираа овие гласини, кои сега излегоа вистина. Никогаш немаше да излезам на избори да знаев што се подготвува. Кој ќе направи Влада за остварување на радикални и националистички барања, на штета на Македонија, ќе му плукнам в лице!

joci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top