| четврток, 6 декември 2018 |

Бибер го сподели грбот на војската на Југославија на својот „Инстаграм“

Музичката ѕвезда Џастин Бибер на својот профил на „Инстаграм“ го сподели грбот на некогашната југосковенска војска. Фотографијата ги возбуди медиумите во регионот, иако станува збор само за промоција.

Имено, Бибер на светот сакаше да му ја претстави пејачката Новел, чија музика му се допаѓа.

Пејачката носи палто со грбот на војската на Југославија, иако според досегашните информации нема потокло од овие простори. Таа е сонародничка на Бибер од Канада, која го бара своето место меѓу светската пејачка елита.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top