| четврток, 6 декември 2018 |

Луто, а здраво: Зошто е добро да се јадат лути пиперчиња?

Дека лутото е навистина здраво, тоа го знаеме веќе одамна, но дека е толку многу здраво, тоа не сме го знаеле!

Новите истражувања направени на Универзитетот во Вермонт, кои биле спроведени во период од 6 години, покажуваат дека постои тесна врска помеѓу консумирањето на лута храна и стапката на смртност.

Верувале или не, студијата укажува на тоа дека само едно луто пиперче на месечно ниво е доволно за да се намали ризикот за смртоносен срцев или мозочен удар, за дури 13 проценти!

Капсаицин, супстанца која прави лутите пиперчиња да бидат толку лути, придонесува кон способноста на организмот за тој да ја претвора таканаречената „бела маснотија” во „кафеава маснотија”. A „кафеавата маснотија”, според мислењето на истражувачите, е „паметна маснотија” која му помага на човечкото тело да ги согорува маснотиите многу поефикасно.

Ова го покажуваат резултатите на една психолошка студија, значи не се работи за физиолошки докази, туку за корелација. Исто така, се покажало и дека подложноста кон капсаицин укажува и на подложност кон агресија, ризични постапки и доминантно држење.

Секој пат кога ќе изедеме храна која содржи јагленихидрати, нашето ниво на шеќер во крвта се менува. Меѓутоа, со додавање на лути пиперчиња во јадењето, се спречува скокот на шеќерот во крвта при оброкот, покажа истражувањето спроведено од страна на нутриционисти, уште пред десетина години. Ова се покажало како особено делотворно кај пациенти заболени од дијабетес тип 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top