Во тек се подготовките за регионален проект поврзан со модата, кој е прв од ваков вид на Балканот и воедно натпревар во кој ќе се вклучат дизајнери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.
По тројца одбрани дизајнери од четирите земји ќе имаат можност да ја претстават својата работа (со четири креации) во рамките на Белградската модна недела (Belgrade Fashion Week 28 март, 2017). Победникот ќе биде награден со презентирање на колекциите на „Fashion Scout“ од 15-19 септември 2017 година во Лондон, за време на Модната недела во Лондон. За победникот на натпреварот учеството, превозот и сместувањето во Лондон ќе бидат покриени од страна на организаторите.
– Благодарение на соработката меѓу Fashion weekend Skopje, Belgrade Fashion Week, Ljubljana Fashion Week, fashion.hr и основачот на „Fashion Scout“, Мартин Робертс, одлучивме регионалната модна индустрија заеднички да ја однесеме на повисоко ниво и оттаму се роди идејата за натпревар. Работиме на тоа да создадеме регионален моден центар кој ќе се користи како платформа за промоција преку која ќе се покаже потенцијалот на модната индустрија, како и талентот на дизајнерите од регионот – велат организаторите.
За да бидат дел од проектот, кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми: Натпреварот е отворен за модни дизајнери на возраст до 33 години или максимум 5 години работа во модниот бизнис, да испратат минимум 6 скици – (без ограничување на темата или сезоната за која се наменети креациите но задолжително е да бидат создадени од нова идеја. Стари колекции нема да бидат прифатени), мудборд и опис на колекцијата, Биографија, информации и слики од претходните колекции и каде биле претставени почнувајќи од 2012 година.
Рокот за аплицирање е 20.02.2017 на info@fashionweekendskopje.mk
По пристигнувањето на пријавите, професионалното жири ќе направи селекција врз основа на квалитетот на сработеното и идеите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.