Само што го почна животот, а веќе го нема. 24 годишниот Живко Лакиќ од Кач, загина на 13 јануари во сообраќјана несреќа која се случила на автопатот кај градот Силвер Спринг Тауншип во американската држава Илиноис.
Несреќата се случила кога Лакиќ излегол од својот камион, а на него налетало друго товарно возило. Возачот од другото возило избегал од лице место, а Живко Лакиќ починал поради тешките повреди.
Полицијата набрзо го уапсила 56 годишниот Алан Кигли, осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртен исход. Тој се товари за опасно возење надвор од својата лента, непружање помош на повредено лице, како и за непријавување на несреќата – пренесуваат медиумите.
-Килги на сослушувањето признал дека удрил во камион кој стоел од десната страна на патот, а рекол и дека потоа застанал да го прегледа својот камион, но дека продолжил до станицата на камионџиите бидејќи не мислел дека се работи за голема штета. Осомничениот не знаел дека удрил човек. Тој наверојатно заспал зад воланот – пренесуваат медиумите
Младиот Живко погребан е на гробишатата во родниот крај, благодарение на пријателите кои покренаа акција за собирање средства за транспорт на телото во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.