| четврток, 6 декември 2018 |

Во хотел во Гостивар пронајден мртов маж

Маж на возраст од околу шеесетина година, утрово бил пронајден мртов во соба на хотел во Гостивар. Од првичните наоди од увидот, на неговото тело немало траги на насилство.

Станува збор за лице кое потекнува од гостиварско село, а подолг период живеело и работело во странство. Пред неколку денови во Гостивар дошол на посета на роднини и престојувал во хотелот.

По проноаѓањето на телото во хотелската соба, случајот бил пријавен во полициска станица. Увидна екипа на СВР Тетово заедно со јавен обвинител вршат увид на местото.

Детали околу идентитетот на починатиот и причините за смртта ќе бидат познати откако јавниот обинител од гостиварското јавно обвинителство ќе заврши со увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top