После пет месеци љубов Дара Бубамара ја раскина врската со 13 години помладиот кошаркар Душко Буниќ.
Иако сето ова време колку што беа во шема, никој не успеа да ги види заедно во јавност, пејачката на сет глас на сите пријатели им раскажувала дека љубовта им цвета и дека е многу среќна со спротистот кој во моментов е без клупски ангажман.
Но откако се врати од медиска илегала, Дара вешто избегнува да зборува за својот приватен живот, тврдејќи дека тоа досега и носело само неволји.
Меѓутоа пред пријателите кои добро ја познаваат и понатаму нема тајни. Така неодамна на една пријателка и открила дека веќе не е во врска со Буниќ и дека за неа таа приказна е завршена.
Како што открила, Буниќ не можел да ја контролира својата љубомора, поради што врската после пет месеци пукнала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.