| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец остана без заштеда: Кражба тешка 33.000 евра во Илинден

Триесет и шестгодишниот Д.Т. од скопската населба Илинден вчеравечер пријави кражба во својот дом во ПО Петровец.

Во периодот од 26 до 28 јануари непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот насилно влегол внатре и по извршеното пребарување во една соба пронашол метален сеф кој насилно го отворил и од истиот одзел 1.200.000 денари, 10.000 евра, 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум парфеми. Во друга соба пронашол и одзел женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top