Денеска, финалистот на последниот Грен слем во Мелбурн, Рафаел Надал донесе одлука која ќе ги растажи своите фанови од Шпанија, како и од Балканот.
По исцрпувачкиот Австралија Опен, каде во финалето по пет сета беше поразен од Федерер, шпанскиот тенисер одлучи да не отпатува за Сплит, каде Шпанија ќе го одигра Дејвис куп дуелот против Хрватска.
– Премногу се истроши овој месец и потребно му е време за да се врати во ритам, но бидете сигурни дека ќе биде дел од Шпанија во следната рунда – изјави селекторот, Кончита Мартинез.
Местото на Надал го зазеде ветеранот Фелисијано Лопес, а покрај него во Сплит ќе отпатуваат и Баутиста-Агут, Пабло Карено Буста и Марк Лопес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.