Каталонскиот гигант Барселона е драстично оштетен на гостувањето кај Бетис (1-1) откако на каталонскиот тим не му беше признат чист погодок. Се играше 79. минута од натпреварот кога топката речиси еден метар ја мина гол – линијата, а потоа дефанзивецот на домашниот тим Аиса Манди ја исфрли во поле. Голот беше очигледен, но судиите не реагираа, а Барселона е оштетена.
По ова, каталонскиот гигант е поборник за воведување на гол – технологија во шпанскиот фудбалски шампионат.
– Немам што да кажам, сите видовме. На судиите очигледно им е потребна помош, треба да се воведе гол–технологија и во шпанското првенство – изјави тренерот на Барселона, Луис Енрике.
Барселона по ова реми сега има четири бода негатива во однос на Реал Мадрид, а „кралскиот клуб“ има одиграно и еден натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.