| четврток, 6 декември 2018 |

Обновени судирите во Украина, загинаа петмина војници

ukraina

­Најмалку пет украински војници загинаа при судири во источниот дел на Украина, пренесува Кликс. Прес­службата на украинската војска соопшти дека за време викендот се забележани повеќе судири на неколку фронта, како и дека загинале најмалку пет, а повредени се девет војници.

Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија дека од гранатирањето е направена значителна штета врз цивилната инфраструктура и дека неколку села и населби во градот Доњецк останале без електрична енергија, како и дека е прекината испораката на гас.

Според податоците на Канцеларијата на ОН за човекови права, од почетокот на судирите во Украина во 2014 година загинале повеќе од 9.600 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top