Поранешниот англиски фудбалски судија, Хауард Веб сигурно е име кое што ја одбележа последната декада во Премиер лигата. Долги години тој судеше големи натпревари како во Англија, така и во Европа, во рамки на Лигата на Шампионите.
Во едно интервју за англиските медиуми, Веб се потсети на најчудниот жолт картон, кој што го доделил на фудбалските терени. Поранешниот полицаец откри дека негова „жртва“ бил поранешниот голгетер од екипата на Челзи, Дидие Дрогба.
– Најбизарниот, а воедно и најчуден жол картон од мене го има добиено Дидие Дрогба, кој задоцни за второто полувреме, поради тоа што беше во тоалет. Додека се враќаше на теренот уште ги немаше кренато шорцевите, па морав да му дадам јавна опомена – вели англискиот фудбалски судија.
Причината за ваквото прашање до Веб е голманот на шкотската екипа Шетлестон, Гери Вајт, кој на сред натпревар уринираше зад својот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Патник го уништил тоалетот во авион, пилотот морал принудно да слета
-
Зошто треба да мижите на едното око кога навечер одите во тоалет
-
Боинг 777 го испразнил тоалетот над луксузен крузер: Петмина во критична состојба, 18 тешко повредени (ВИДЕО)
-
Закани за непослушните: Професори ги затвораат профилите на „Фејсбук“ поради критичкиот став кон Заев