| четврток, 6 декември 2018 |

Итно префрлен в болница: Антонио Бандерас доживеал инфаркт?

antonio

Шпанскиот актер Антонио Бандерас итно е однесен в болница поради срцеви проблеми.

Според пишувањето на британскиот портал „Сан“, на 56-годишниот актер му се слошило во четвртокот, за време на вежбањето, кога почувствувал „ужасна болка во градниот кош“.

Бандерас набрзо бил префрлен во болницата „Свети Петар“ во Чертси во Англија. Таму останал на набљудување, а бил пуштен кога било утврдено дека кризата поминала.

Бандерас за „Сан“ потврдил дека му се слошило и додал дека му се заблагодарува на медицинскиот персонал на брзата реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top