| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Бандерас – моден дизајнер

antonio-banderas-beatrice-aguirre-half-circleШпански актер Антонио Бандерас и покрај преголемата ангажираност во Холивуд, сака да стане и моден дизајнер. Славниот актер досега се обиде како режисер и продуцент, но сега сака да научи нов занает и да го освои светот на модата. Деновиве тој го посетува академијата „Сентрал Сент Маринс“, која важи за еден од водечките колеџи на модниот дизајн во светот.

Меѓу студентите на овој колеџ биле и Стела Мекартни и Џон Галијано. Страста кон мода не е нова за Бандерас и таа датира уште од времето кога го лансира неговиот прв парфем.

– Во последните 19 години работев на неколку парфеми, а тој свет е близок на светот на модата, вели популарниот „кршач на срца“, кој во меѓувреме основа и компанија за дизајн.

Иако има успеси на планот на модата, Бандерас сака и дополнително да се образува.

– Сакам се да научам, изјави Бандерас во интервју за списанието „Пипл“.

Тој објасни дека веќе научил да креира сопствени кошули, а моментно учи да прави скици и цртежи и да шие, што, како што призна, е многу тешко отколку што мислел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top