| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот во очај: Како ќе им објаснам на децата дека не можам да си дојдам дома

Mo-622709

Британскиот олимписки шампион Мо Фарах ја осуди одлуката на новиот американски претседател Доналд Трамп за забрана на влез на мигранти и странци од одредени земји во САД и додаде дека заради тоа се чувствува како странец во земјата каде со години тренира и живее со семејството.

Фарах, инаку роден Сомалиец, има британско државјанство и за Кралството освои злато на 5 000 и 10 000 метри во Лондон 2012, а успехот го повтори и на Олимпијата во Рио 2016 година.

– Кралицата Елизабета ми ја додели титулата Витез на Британското кралство, а претседателот Трамп ме направи странец, изјавил Фарах.

33-годишниот шампион послените 6 години тренира и живее во Портланд, САД каде плаќа данок и издржува 4 деца.

– Страшо е затоа што на моите деца треба да најдам начин да им кажам дека нивниот татко не може да си дојде дома и дека претседателот води политика полна со предрасуди и незнаење, завршил Мо.

Инаку Трамп во петокот воведе 4 месечна забрана за влез во САД на државјани на Јемен, Ирак, Иран, Либија, Сомалија, и Судан со објаснувањето дека сака да ја заштити Америка од терористички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top