| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската полиција заплени 460 килограми марихуана

marihuana

­Во две одделени акции албанската полиција заплени 460 килограми марихана и уапси седум лица, од кои двајца бизнисмени. Во акцијата насловена „Координација“ полицијата од градот Фуш Круја, запленила околу 430 килограми марихуана и уапсила шест лица, пет жители на Фуш Круја и едно на Тирана, додека по уште едно лице сеуште трага.

Тие се уапсени во мигот кога вршеле размена на дрогата на патниот правец Фуш Круја -­ Вора, при што се запленети 170 килограми марихана. Останата количина била запленета по контролата извршена во домовите на уапсените.

Во акцијата запленети се и 12 париња оружје (седум автомати и пет пушки) и муниција за нив. Во втората акција, што е дел од операцијата „Старт“ во Тепелена запленети се 30 килограми марихана и уапсено е едно лице во чиј дом е пронајдена дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top