| четврток, 6 декември 2018 |

Со автомобил влета во ендек – згасна млад живот кај Крива Паланка

soobrakajka-52181

Синоќа околу 21.50 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај местото познато како „Грамаѓе“, загина жител на Крива Паланка.

И.Н. (36), управувајќи „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал на местото на настанот.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Крива Паланка. од 22.50 до 00.45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top