Хилари Клинтон добила гласови од повеќе од 800 илјади лица кои не се државјани на САД и според тоа немале право да учествуваат во гласањето, пишува Вашингтон Тајмс . Весникот се повикува на истражувањето водено од политикологот Џеси Ричман.
Заклучокот на истражувачите претставува „поткрепа на аргументите“ на новиот претседател Доналд Трамп за лажирање и манипулации на изборите, иако „ни оддалеку не соодветствуваат“ на квантитативните процени кои ги изнесе новиот челник на САД. Трамп претходно седмицава тврдеше дека имало дури до 5 милиони нелегални гласови и вети дека ќе спроведе истрага за овој проблем.
Се проценува дека во САД без државјанство живеат околу 20 милиони луѓе, а според Ричман околу 6,4 отсто од тие лица гласале на изборите на 8-ми ноември 2016 година. Притоа, огромно мнозинство од нелегалните гласови, или 81 отсто, биле дадени за кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, што би значело дека за демократката гласеле повеќе од 834.000 лица.
Вашингтон Тајмс подвлекува дека тоа сигурно го подобрило вкупните гласови за Клинтон на национално ниво, а многу веројатно придонело да победи во една сојузна држава, од каде се добиваат ткн. електорски гласови. Вкупно на национално ниво, Клинтон доби околу 2,9 милион гласови повеќе од Трамп. Ричман ја исклучува можноста дека сите овие „вишок“ гласови биле нелегални.
Официјалните изборни резултати ги потврдија законодавните тела во сојузните држави и Конгресот. Телата задолжени за спроведување на изборите не известија за масовни нарушувања на изборниот процес. Со изјавата за наводниот фалсификат на изборите, Трамп не само што е во спротивност со оцените на сојузните држави, туку и со големото мнозинство претставници на двете парти кои изборите ги оценија како фер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките