
Нов претседател на македонскиот ракометен вицепрвак Металург ќе биде спортскиот новинар Зоран Цветановски. Иако сите очекуваа на претседателската функција да биде поставен Филип Христов кој беше в.д. директор денеска УО на клубот го изгласа новиот претседател.
Тој доаѓа на местото на Левче Китевски кој неодамна беше разрешен. Ова е трет претседател во Автокоманда во период од неколку години. Долгогодишниот претседател Ристо Чокрев пред три години беше сменет, а сега и Китевски ја доживеа истата судбина.
Цветановски е поранешен ракометар на клубот, и играше на позиција пивотмен, а сега е новинар во Канал 5 телевизија. Долго време е дел од клубот од Автокоманда каде е член на УО. Своевремено ги водеше и клупските прес конференции. Досега Цветановски беше и одговорен околу организирањето на натпреварите од лигата на шампионите на Металург. Во минатото една сезона беше и комесар на машката Супер лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


