Жени, да не се лажеме – никој не ја мие косата секој ден. Вие и самите многу добро знаете дека по два или три дена без миење, темето и областа околу коренот на косата почнува да боли навистина непријатно, понекогаш дури и до точка кога предизвикува вистинска главоболка. Не грижете се, експертите велат дека ова се случува и дека постои реално и научно објаснување.
Ако подолго време не се мие косата, таа природно сама произведува масла, кои почнуваат да се собираат околу коренот на косата и на тој начин се формира габа на скалпот, објаснува д-р Џошуа Цајхнер, дерматолог од Њујорк за сајтот “Гламур”. Затоа, габите се всушност виновни за болка, бидејќи на крајот доведуваат до благо воспаление, што дополнително води до црвенило, чешање и раздразливост на кожата, која се манифестира преку специфичена болка.
Пред да поченте со гадење и да почнете од денеска до крајот на животот да ја миете косата двапати на ден, дозволете да ви појасниме дека ова габи природно живеат во нашата кожа. Без разлика дали вие ќе ја миете вашата коса секој ден или не, габите живеат таму, прашањето е само во колкаво количество. Кога нема да ја миете косата неколку денови, нивото на габи расте и кожата почнува да реагира како што веќе напоменавме.
Сепак, постои и уште една причина поради која, темето и скалпот ве болат, а тоа е поради врзување на косата во реп или пунџа. Кога косата не е миена, многу веројатно е дека ќе ја врзете во реп или пунџа, а знаете ли само колку вашата коса не го сака овој вид на тортура.
За среќа, постои решение: мијте си ја косата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.