Најдобриот фудбалер за 2016 година, Кристијано Роналдо ги повика новинарите ширум светот да престанат да прават споредби помеѓу него и Лионел Меси, бидејќи и двата имаат големо взаемно почитување.
– Кристијано е Кристијано, Меси е Меси. И двајцата сме големи играчи со многу индивидуални и тимски титули, кои зборуваат за нашите успеси. Не ми се допаѓа кога нè споредуваат, зборот споредба не постои за мене. Ние сме различни, две лица кои само си ја вршат својата работа, тоа е сè. Лионел Меси се обидува да биде најкорисен за својот тим, а јас се трудам за мојот. Ние сме ривали бидејќи играме за различни клубови, но кога сме заедно покажуваме меѓусебно почитување. Ние имаме сосема нормални односи. Луѓето не споредуваат цело време, тоа е нормално. Ги споредуваат дури и нашите синови. Разбирам дека ова е дел од бизнисот, но мислам дека се оди многу далеку – заврши Роналдо, на примањето на наградата за најдобар фудбалер за 2016 година од страна на кинеските фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца