| четврток, 6 декември 2018 |

Елтон Џон го подготвува „Ѓаволот носи Прада“ за на Бродвеј

Британската поп мега ѕвезда Елтон Џон го подготвува мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“ кој ќе се игра на Бродвеј.

– Многу сум возбуден. Голем фан сум и на романот и на филмот, а голем вљубеник сум и во модниот свет. Не можам да дочекам да се фрлам на работа – изјави Елтон Џон.

Новиот мјузикл на Џон ќе биде поставен според автобиографскиот роман бестселер на Лорен Вајсбергер „Ѓаволот носи Прада“. Вајсбергер била долгогодишна соработничка на славната главна уредничка на списанието „Вог“, Ана Винтур, иако авторката никогаш не призна дека таа била инспиррација за нејзината книга.

Три години по излегувањето на романот, во 2006 година беше снимен истоимениот холивудски хит „Ѓаволот носи Прада“ со Мерил Стрип и Ен Хатавеј во главните улоги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top