Оттаму посочуваат дека во 2000 година кога беше отворено Претставништвото во Македонија работеа 15 германски компании во форма на трговски претставништва, во меѓу време оваа бројка се зголеми за десет пати, но исто така во изминатите години расте и бројот на директни германски инвестиции.
– Најголема заслуга за овие позитивни промени се препишува на Претставништвото на германските комори во Македонија кое правеше постојани напори за поддршка и јакнење на македонско-германските стопански односи, вклучувајќи ја и поддршка на германските инвеститори кои доаѓаат на македонскиот пазар и нивно комплетно етаблирање тука, воедно и воспоставување на деловни контакти со македонските компании, велат од Делегацијата на германските комори во Македонија и додаваат дека германските компании кои се присутни на македонскиот пазар вработуваат околу 20.000 лица.
Делегацијата на германското стопанство во Македонија, потенцираат, оваа недела доби и нов директор, Патрик Мартенс, кој ја превзема функцијата од досегашниот директор Мартин Кнап. Кнап ја раководеше канцеларија во Македонија од Белград, сега за прв пат Берлин испраќа директор кој ќе биде надлежен за Македонија и ќе ја извршува својата функција во Скопје.
Патрик Мартенс има 20 годишно работно искуство во германските комори. Тој својата кариера ја започнал во Бразил, ја продолжил во Саудиска Арабија и Иран на функцијата заменик директор, а во Македонија пристигна од Гана каде што последните 11 години беше директор на канцеларија.
Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа година ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во образовниот систем во Македонија. Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за стопанство на Сојузна Република Германија.
Трговска размена помеѓу Македонија и Германија во 2015 изнесува 2,5 милијарди евра со тоа Германија и понатаму останува најважниот трговски партнер на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.