Хрватската група „Хладно пиво“ со самостоен концерт ќе гостува во Скопје. Предводени од Миле Кекин, „Хладно пиво“ доѓаат во Младинскиот културен центар во сабота, 24 февруари, во рамките на големата турнеја со последниот албум „Dani zatvorenih vrata“!
Познати како мајстори на концертите во живо, со секогаш исполнети и енергични настапи, „Хладно пиво“ на концертот во МКЦ без сомнеж ќе приредат вистинско панк рок ужување. Бендот доаѓа со респектабилниот опус од три децении кариера и последниот студиски албум, најавувајќи енергично концертно пакување, велат организаторите.
Билетите за концертот ќе бидат достапни веќе утре (сабота, 28 јануари) преку продажната мрежа на МКтикетс, со цена 400 денари во претпродажба, а 500 денари на денот на концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.