Европската унија се движи во погрешна насока, но постои начин тој блок да се реформира и „Европа повторно да биде голема“, рече денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан, јави агенцијата МТИ.
Орбан истакнал дека главното прашање е до која мера Европа е подготвена да се приспособи на новто време.
– Место отворени општества, луѓето сакаат демократско општество во новото време „кое тропа на вратата на Европа“ – вели Орбан.
-Работите во Брисел не само што одат кон лошо, туку одат во погрешна насока – додава тој.
Пред 20 години Европа имаше многу амбициозни цели, но ниту една од тие цели не се исполни, рече премиерот на Унгарија, наведувајќи ги евроазискиот трговски договор и независната политика на безбедност на Европа, кои никогаш не се остварени.
-Место да учат од економскиот успех на Кина и другите азиски држави, Европа се обидува да се убеди себеси дека тоа што таму постои е само привремено или нема основа – рече Орбан.
Претседателот на САД Доналд Трамп даде историска изјава, велејќи дека правото на секоја земја е да се стави на прво место, вели Орбан додавајќи дека наскоро ќе има промена и дека ерата на мултилатеризмот е при крај.
-По економската криза во 2008 година, дојде до невидена смена во светската политика и не постои консензус за тоа како ќе изгледа новата политичка структура на светот – вели тој.
Европа е едвај подготвена да се носи и да влијае на проблемите во регионот, а не пак со војните во Сирија и Украина, осудува Орбан.
Додава дека економскиот пораст во Европа нема да помине 1-2 отсто во наредните неколку години.
-Европа ќе го загуби статусот на глобален играч и ќе премине на регион, каде ќе има проблем да го задржи влијанието на подолго време – додава тој.
Орбан рече дека Европа ги фокусирала своите сили на погрешни цели, станувајќи роб на утописки идеи на наднационална Европа.
Заклучи дека не постои еден европски народ, туку нации и дека Европа покажувала самодоверба кога имала повеќе центри на моќ, со цел да покаже дека е подготвена да се заштити себе си без надворешна помош, што на Европа би и дало можност да преговара како еднаков партнер со сите, вклучувајќи ја и Русија.
Мора да се постигне нов договор со САД, како и можност да се отворат преговори со Кина, а проблемот со Русија треба да се стави на агенда, вели Орбан, пренесува „Танјуг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кабинет на Орбан: Не можеме да коментираме барања за азил