Германската канцеларка Ангела Меркел најверојатно утре ќе разговара телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, јавија западни медиуми.
Се очекува Меркел и Трамп да разговараат околу Русија, наведува изворот. Тој не потврди дали ќе стане збор за укинувањето на санкциите на САД против Русија по интервенцијата во Украина.
Доколку тоа сепак се случи, тоа нема да значи дека Европската Унија ќе го следи примерот Вашингтон, додава изворот.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за утре е планиран и телефонски разговор помеѓу претседателот на Русија Владимир Путин и Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.