Риболовецот Марко Протиќ од Велико Село во Србија завчера на заледеното езеро Лагуна забележал како една млада срна стои на средина и не може да застане на нозе.
– Беше уплашена и веројатно таму седела некое време. Не можеше да застане на тенките нозе и само се лизгаше на ледот. Само помислив да ја спасам, па му јавив на еден мој пријател да ми помогне, раскажува Марко.
Дебелината на ледот била 40 сантиметри, па и покрај ризикот да пропадне во езерото, но тој не се поколебал да ја спаси срната.
– Да останеше таму ноќта, имаше големи шанси да премрзне. Среќа што ја видов не време, додал тој.
Откако ја извлекле на копното, ја пуштиле во шуматаво своето природно живеалиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.