Саемот на книгата на Клуб Матица „Книга во секој дом“ започна на 20-ти и ќе трае до 31-ви јануари. Привлечноста на „Книга во секој дом“ е во тоа што читателите ја имаат можноста лично да се запознаат со младите македонски писатели.
Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора на столбовите на модерната македонска литература и култура.
Булеварот на книгите со денови зрачи од насмеани лица исполнети со возбуда додека пенкалата на авторите ги потпишуваат своите дела.
Сите се забавуваат и ја споделуваат љубовта кон пишаниот збор.
Бунтеска го прослави и својот роденден со читателите и посетителите во атмосфера која ретко се повторува.
Саемот се уште трае и останува возбудата за сите кои ќе одат на Булеварот на книгите да се запознаат и со Марија Лозаноска и Јован Илиески.
Љубителите на книгата се поканети да се запознаат со овие исклучителни автори. Марија и Јован се сосема спротивни во стилот на пишувањето, но се водени од истата љубов за споделување на емоции и приказни.
Лозаноска потпишува во петок, 27.01.2017, а Јован во понеделник, 30.01.2017, и двајцата во 18.00 часот и секој може да ги посети и лично со нив да ја сподели желбата за читање и пишување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.