| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници читатели се дружеа со младите македонски писатели на Булеварот на книгите

Саемот на книгата на Клуб Матица „Книга во секој дом“ започна на 20-ти и ќе трае до 31-ви јануари. Привлечноста на „Книга во секој дом“ е во тоа што читателите ја имаат можноста лично да се запознаат со младите македонски писатели.
Evgenij Hope (5)
Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора на столбовите на модерната македонска литература и култура.
Evgenij Hope (2)
Булеварот на книгите со денови зрачи од насмеани лица исполнети со возбуда додека пенкалата на авторите ги потпишуваат своите дела.
Сите се забавуваат и ја споделуваат љубовта кон пишаниот збор.
Ana Bunteska (2)
Бунтеска го прослави и својот роденден со читателите и посетителите во атмосфера која ретко се повторува.
Саемот се уште трае и останува возбудата за сите кои ќе одат на Булеварот на книгите да се запознаат и со Марија Лозаноска и Јован Илиески.
Ksenija Nikolova (2)
Љубителите на книгата се поканети да се запознаат со овие исклучителни автори. Марија и Јован се сосема спротивни во стилот на пишувањето, но се водени од истата љубов за споделување на емоции и приказни.
Лозаноска потпишува во петок, 27.01.2017, а Јован во понеделник, 30.01.2017, и двајцата во 18.00 часот и секој може да ги посети и лично со нив да ја сподели желбата за читање и пишување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top