| четврток, 6 декември 2018 |

Турција повторно побара од Грција екстрадиција на офицерите

oficeri

­ Турското Министерство за правда испрати второ барање до Грција за екстрадиција на турските офицери, осомничени за вмешаност во обидот за државен удар во јули минатата година. Барањето е испратено еден ден откако грчкиот Врховниот суд одлучи офицерите, кои побараа азил во Грција, да не бидат екстрадирани во Турција, со образложение дека се во животна опасност.

Осум турски офицери на 16 јули минатата година слетаа со хеликоптер во северна Грција и побараа политички азил.

Турското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Грција ги штити учесниците на неуспешниот пуч и дека пресудата на грчкиот суд „политички е мотивирана“ и спротивна на меѓународниот закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top