Претседателите на Русија и на САД; Владимир Путин и Доналд Трамп, утре телефонски ќе разговараат, изјави портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Да, потврдува дека утре ќе има телефонски разговор – рече Песков, а јави ТАСС.
Американските телевизии „Си-Ен-Ен“ и „Ен-Би-Си“ јавија претходно дека двајцата претседателите ќе разговараат телефонски в сабота, првпат откако Трамп стапи на должност на 20 јануари.
Претходно Трамп повеќе пати изјави дека сака да ги подобри односите со Русија, кои се на најниска точка од Студената војна.
Вашингтон ја обвинува Москва дека се обидела со кибернетски напади да влијае врз исходот од претседателските избори во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.