| четврток, 6 декември 2018 |

Нобеловецот Фелпс: Не ми се верува дека некој во овој момент би сакал сериозно да влезе во ЕУ

Добитникот на Нобелова награда за економија Едмунд Фелпс смета дека ова не е добар момент за влез во Европската унија. Фелпс ја пофалил одлуката на Исланд привремено да отстапи од придружувањето кон Унијата. Новиот премиер на оваа островска земја рекол дека нема смисла да се влегува во унија која се бори со голема економска криза.

–       И понатаму учиме за европските експерименти и не знаеме во која мерка ќе бидат успешни. И понатаму не треба да се исклучи можноста дека тој експеримент ќе се покаже нефункционален и неуспешен, рекол тој.

Европа веќе не е ни приближно така привлечна како што била некогаш кога на своите членки им нудеше стабилност и пристап до слободниот регионален пазар. Поради кризата која трае со години Британците почнаа да се закануваат со напуштање на унијата, а Данска остапи од воведување на еврото.

–       Не можам да верувам дека некој во овој момент сака сериозно да и се приклучи на Европската унија. Тоа е исто како да кажете- ова е преубава куќа. Нема врска што гори во моментот, треба да се куќи, вели Фелпс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top