| четврток, 6 декември 2018 |

Маж претепан до смрт во својот дом

Вчера околу 05.55 часот во СВР Битола, Д.А. (47) од Битола пријавил дека неговиот сосед П.А. (53) му кажал дека непознати лица го нападнале него и лицето С.Д.(48) од Битола, со кого заедно живеел.

Д.А. повикал Итна медицинска помош, при што П.А. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му се констатирани телесни повреди, додека С.Д., на наведената адреса бил пронајден во лежечка состојба без знаци на живот и со видливи повреди во пределот на главата и на телото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top