Поранешниот претседател на САД Џон Кенеди тајно ги обожувал Хитлер и нацистите, пишува во новата книга која деновиве e објавена во Германија.
Во белешките и писмата од патувањата на Кенеди во Германија пред Втората светска војна додека Адолф Хитлер бил на власт, ги откриваат неговите симпатии кон ова движење кое потоа ќе го втурне светот во најголемата војна во човековата историја.
– Фашизам? Што се злата на фашизмот во споредба со комунизмот? Напишал Кенеди во своите белешки.
Две години пред почетокот на војната, во 1937 година Кенеди напишал: Германците навистина се премногу добри – затоа луѓето се собрале за да се заштитат“, за потоа да напише и „Нордиските раси изгледа навистина се супериорни во споредба со другите“.
По посетата на летната резиденција на Хитлер во Баварија Кенеди изјавил „Секој што го посетил ова место лесно може да замисли како Хитлер ќе исплива од омразата која го опкружува во една од најважните личности кои некогаш живеела“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скопјанец го пријавил случајот: Од автомобил „Мерцедес“ синоќа пукале на улица „Џон Кенеди“
-
Црниот телефонски именик на Хитлер продаден на аукција за 37.000 евра
-
ЦИА отвори тајни документи: Хитлер не се самоубил во бункерот
-
Контроверзна фотографија: Цела Југославија му се клањаше, а тој во придружба на Хитлер


