Калуѓерките од еден италијански манастир биле принудени да пишуваат завети со сопствената крв, да се камшикуваат пред спиење и да јадат расипана храна, изјавила една поранешна членка на редот Францискански сестри од безгрешното зачнување.
– Ќе си ја прободевме кожата со игли пред пишувањето и бевме среќни што можевме да го направиме тоа – рекла калуѓерката која сакала да остане анонимна.
Таа во детали открила како изгледало нејзиното служење во манастирот во 90-тите години за италијанскиот весник „Koриере дела серa“. Имено, оваа калуѓерка која во тоа време имала само 17 години, ја покажала старата хартиена икона од Богородица, која била покриена со кафено-црвени букви, за кои тврдела дека се нејзината крв.
– Ни беше кажано дека нашата врска со Бог на тој начин ќе биде посилна и поавтентична – открила таа.
Францисканските сестри после тоа морале да ги уништат картичките со заветот, но оваа калуѓерка одлучила да задржи една за себе. Напишала две, а една зачувавала во куќата на нејзините родители.
Калуѓерката, исто така, тврди дека редовно јаделе бајата храна, како јогурт и конзервирано месо на кои им бил истечен рокот на траење.
– Ни рекоа да го јадеме тоа послушно и дека нема да ни се случи ништо лошо. Но, тоа не беше вистина, бидејќи јас имав сериозни проблеми со желудникот – открила сестрата.
Ватикан наредил истрага за нејзините тврдења, а веќе е подготвено големо досие кое содржи сведоштва на уште неколку калуѓерки кои, исто така, тврдат дека сите овие работи се случувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пациенти се жалеле дека долго чекаат, па болничар се решил да им покаже како изгледа вистински итен случај
-
Спречен терористички напад: Терористите пламнирале многу крв да се излее пред очите на Путин
-
Aкушерката Ковачева со тупаници и шише се изживувала врз новороденче (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
-
ИСИС им се закани на Србите: Не сме ве заборавиле, ќе платите со крв!