Марија Лозанoска е реномирана млада писателка која во рамките на Зимскиот Саем на книгата „Книга во секој дом“ на Клуб Матица за своите фанови и читатели ќе ги потпишува своите дела во, петок, 27.01.2017 година, со почеток во 18.00 часот.
Средбата ќе се одржи во Клуб Матица на веќе познатиот Булевар на книгите.
Лозаноска има неколку дела меѓу кои „Големото Л“ и „Другата“. Првиот роман „Големото Л“ беше промовиран во 2012 година, а вториот „Другата“ во декември 2016 година. Покрај пишувањата таа рачно изработува накит, кој е инспириран од настани и ликови од книгите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.