Екипата на Саутемптон е првата што обезбеди пласман во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа во реванш полуфиналниот натпревар по втор пат го совлада Ливерпул со 0-1 на гостински терен.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Шејн Лонг во првата минута од судиското надополнување. Кој ќе биде противник на Саутемптон во финалето на ова натпреварување ќе се знае вечерва кога Хал и Манчестер јунајтед ќе го одиграат својот реваншен полуфинален меч. Јунајтед на првиот дуел одигран на „Олд трафорд“ победи со 2-0, па би било изненадување доколку тие не се пласираат во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.