Што ќе ви донесе вас февруари на поле љубов?
Овен
Ако сте зафатени:
Ќе бидете полни со иницијативи, што позитивно ќе влијае на вашиот брачен или емотивен партнер. Во врската ќе внесете динамика, а вашите предлози ќе бидат прифатени со воодушевување. Партнерот ќе ви дозволи да водите, но внимавајте да не претерате. Повремено испуштете ги конците од рака и не настојувајте сè да биде по ваше. Така ќе избегнете непријатни кавги во втората половина од месецот.
Ако сте слободни:
Ќе почнете да го привлекувате спротивниот пол како магнет. Ќе делувате харизматично, што ќе ви донесе популарност и можност за влез во нова емотивна врска. Бидејќи страста ви е појачана, можни се и минливи авантури пред да се одлучите за една личност. Ако уживате во постојано внимание од една личност, која упорно се докажува дека е сериозна и вистинска за вас, не заборавајте да возвратите. Ако не го направите тоа, подоцна ќе се каете и ќе имате негативни последици.
Бик
Ако сте зафатени:
Ќе бидете повлечени и ќе избегнувате гужви и јавни појавувања. Повеќе ќе ви одговара домашната атмосфера и интимноста со партнерот. Кога ќе бидете на само, нема да бидете мирни, туку страствени и ќе настојувате да се поставите над партнерот. Вашиот партнер може да е малку себичен и тоа да ве иритира. Во овие моменти важно е да ги сведете кавгите на минимум. Научете се да си посветите повеќе внимание на себе.
Ако сте слободни:
Вие сте личност која сака хедонизам, но во февруари ќе се однесувате спротивно својата природа, кога се работи за љубов и забава. Наместо да чекате некој да ве освои, ќе освојувате вие. Ако не добиете брз одговор, лесно ќе ја изгубите заинтересираноста. Хороскопот ви советува да не навлегувате во повеќе авантури истовремено и да не ги менувате често партнерите, бидејќи претерувањето може да ве измори, па да не ја препознаете добрата шанса која е пред вас.
Близнаци
Ако сте зафатени:
На вас и вашиот партнер ќе ви биде потребна поголема забава и дружба со заедничките пријатели. Со саканата личност почесто посетувајте претстави, кино, концерти. Прифатете ги предлозите на парнтерот, дури и ако не ви се допаѓаат, неопходни ви се за да ја разбиете монотонијата. Трудете се да бидете прилагодливи овој месец, тоа позитивно ќе се одрази и ќе ви донесе зближување.
Ако сте слободни:
Ќе чувствувате силна потреба за нови контакти и познанства и ќе имате шанса да склопите многу пријателства. Токму едно од тие нови познанства може да развие симпатии. Набрзо можно е да се појави и втора личност со која ќе влезете во паралелна врска. Бидете свесни дека тоа нема долго да трае. Овој месец не почитувате никакви закони, па може да почнете врска и со лице кое не е слободно.
Рак
Ако сте зафатени:
На почетокот на месецот добро би било да разговарате со партнерот за заедничките планови бидејќи тоа ќе ви помогне полесно да излезете на крај со финансиите и потребите кои овој месец ќе ве оптеретат. Партнерот ќе ги поддржува вашите предлози. Бидете посебно внимателни во втората половина од месецот. Инаетот и строгите ставови може да ви донесат само кавги. Флексибилноста е клучна за среќа.
Ако сте слободни:
Вашите страсти се појачани и ќе бидете позаинтересирани за авантури, отколку за врска. Сексуалниот апетит ќе ве натера да пробате нешто ново. Следете го темпераментот. Потребен ви е партнер кој ќе знае да доминира, бидејќи нема да имате трпение за неодлучни личности кои одолговлекуваат. Можно е да се впуштите во афера со некој пријател.
Лав
Ако сте зафатени:
Ќе бидете под големо влијание на партнерот. Тој ќе ви биде поддршка во секој момент, колку и да не ги покажувате своите слабости. Ова е одличен месец за зацврстување на темелите на бракот или врската. Размислете за повеќе заеднички цели и планови. Само внимавајте кога ќе бидете под притисок, да не пукнете и да се истурите токму на него/неа. Тоа никогаш нема да ви го прости.
Ако сте слободни:
Постои некој кој долго време ви е во мислите, па ако од било која причина претходно не сте имале храброст да го направите првиот чекор, сега е идеално време за тоа. Втората половина од месецот е поуспешен за нови почетоци. Токму тогаш е можна посериозна врска. Нема да се разочарате и ако ги обновите контактите со некогашните партнери со кои од различни причини сте се разминале.
Девица
Ако сте зафатени:
Потребна ви е поголема забава. Потрудете се да ја мотивирате саканата личност и поголем дел од слободното време да го поминете заедно. Исто така, поработете на заедничките финансии ако сакате да избегнете кави во иднина. Во втората половина од месецот страстите ќе се зголемат, што е добар сигнал дека ќе се подобри и сексуалниот живот во врската или бракот.
Ако сте слободни:
Потребно е да се ослободите од влијанието на некоја личност со која сте биле во врска одамна, а уште ви буди надежи дека ќе се обнови. Ако постојано мислите на минатото – ќе пропуштите добри шанси и добри познанства кои нема да ги препознаете. Не ги игнорирајте лицата кои директно ќе влезат во приватни и интимни разговори со вас. Прифатете ја нивната храброст и продолжете ја со покана за состанок. На ваше изненадување, ако го направите првиот чекор, успехот ви е загарантиран.
Вага
Ако сте зафатени:
Ќе имате големи побарувања од брачниот или емотивниот партнер. Ќе инсистирате на вашите лични потреби и ќе му замерите на партнерот што не ви дава доволно внимание. Почувствителни сте од вообичаено, затоа не претерувајте. Можно е да се чувствувате потчинети, но ако гласно го кажете тоа може да доведе до кавги и засилени несогласувања. Во исто време страстите ви се зголемени, па кавгите може да ги решавате исклучиво во кревет.
Ако сте слободни:
Ќе бидете расположени за забава, но ќе барате некој за емотивна врска. Иако ќе ве привлече некоја личност, можно е неговата/нејзината несигурност да ве одбие. Доколку немате други понуди, прифатете барем пријателство, не го игнорирајте познанството. Во овој месец исто така можен е почеток на врска со личност за која само сте сонувале со години.
Скорпија
Ако сте зафатени:
Ќе чувствувате поголема потреба за интимни, заеднички моменти. Игнорирајте ги поканите за забави и испланирајте вечери во домашна атмосфера или во некоја викендичка каде ќе бидете сами и изолирани. Ќе ви одговара да фантазирате заедно. Единствено треба да внимавате да не се дознае нешто што одамна го криете од партнерот, бидејќи вашата среќа тогаш може да претрпи многу кавги.
Ако сте слободни:
Ќе ве привлекуваат забранети личности кои не се слободни. Лесно може да влезете во тајн а врска со личност која ве привлекува со сексапилот и изгледот. Вашиот мотив за влез во ваква врска ќе биде чисто еротски. Кон таа личност нема да имате емоции. Она што нема да ви се допадне е што спротивната страна ќе развие емоции. Можно е и обновување на стари врски, кои со години ви биле далечни. Нема тоа да се одвива како што очекувавте, но барем главата ќе ви биде мирна дека сте се обиделе.
Стрелец
Ако сте зафатени:
Ќе го подобрите односот со саканата личност така што максимално ќе ги искористите потенцијалите и талентите. Неопходно е да бидете во секојдневен контакт и отворено да комуницирате, посебно ако се работи за заедничкиот и семејниот живот. Дозата на забава земете ја преку авантура во природа, не преку излегувања до доцна. Само така нема да навлезете во кавги и расправии.
Ако сте слободни:
Ќе делувате харизматично и привлечно за спротивниот пол. Вниманието ќе ви го привлечат само оние кои во лице ќе ви кажат сè. И додека размислите што да правите и што се случува, веќе сте влегле во нова врска. Иако трагате по авантури и секс без обврски, во еден момент ќе посакате нешто повеќе. Не дозволувајте да бидете уште една рецка на ѕидот.
Јарец
Ако сте зафатени:
Со партнерот ќе можете да се усогласите околу секое прашање, па затоа односот ќе функционира беспрекорно овој месец. Нема да имате многу слободно време, но барем обврските ќе ви донесат материјална сигурност и на двајцата. Ќе ви биде посебна поголема поддршка и не треба да се плашите да ја побарате. Поставете нови заеднички цели кои ќе ви ја зголемат интимноста.
Ако сте слободни:
Ќе ви биде тешко да го направите првиот чекор, а дури и да се решите за тоа тешко дека ќе ви успее. Големи се шансите личноста на која ќе и фрлите око да биде заинтересирана за ваш близок човек. Потенцијалните додворувачи нема да ве интересираат. Потребен ви е партнер кој ќе ви овозможи емотивна стабилност и семејство во скоро време. Имајте трпение и труд ако сакате да ја запознаете таа личност и да ја заинтересирате.
Водолија
Ако сте зафатени:
Вашиот однос со партнерот ќе биде близок и стабилен, со тоа што тој ќе се потпира на вас. Ќе биде приврзан и ќе ви делува како повторно да се вљубува во вас. Искористете ги овие моменти за интимност и зближување, не дозволувајте вниманието да ви го украдат работата и пријателите. Поделете некој комплимент и сетете се дека нема засекогаш да трае оваа фаза. Пријатно изненадете го со подарок или добро осмислено патување.
Ако сте слободни:
Бидете директни и јасно дајте им знак на лицата кои сакате подобро да ги запознаете. Посебно обрнете внимание на вашиот шарм и потенцирајте ги добите манири, ако сакате да го добиете целото внимание. Ќе ви се укаже прилика и да отпатувате некаде сами, каде ќе запознаете личност која ќе ве привлече. За кратко време ќе влезете во нова врска, но таа нема да успее откако ќе се вратите во реалноста. Уживајте додека можете.
Риби
Ако сте зафатени:
На почетокот од месецот ќе бидете расположени за забава, па искористете го овој период за дружење во пар. Така ќе внесете динамичност и ќе ја спречите монотонијата. Во вториот дел од месецот ќе имате поголема желба за интимни моменти во пар. Најдете повеќе време за дома. Иако нема да имате добро чувство за романтика, барем потрудете се соодветно да го надокнадите недостатокот.
Ако сте слободни:
Чувствувате потреба за поткревање на егото и ќе ве привлекуваат личности кои ќе ви делат комплименти. Мотивација ќе ви будат личности кои сите ви велат дека не се добри за вас или не можете да ги имате. Само бидете оригинални и ќе успеете во замислите. Можно е вниманието да ви го привлече и личност која нема да биде слободна. Можна е тајна врска бидејќи личноста ќе ви влезе под кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.