Освен за новиот претседател на САД Доналд Трамп, медиумите непрекинато се фокусираат и на неговата сопруга Меланија и неговата ќерка Иванка. Но, малкумина пишуваат и зборуваат за неговата друга ќерка – Тифани.
Тифани е единственото дете на Трамп со неговата втора сопруга Марла Мејпелс. По разводот на нејзините родители, таа остана да живее со нејзината мајка во Калифорнија.
– Беше одлично што имав шанса да растам како нормално дете, настрана од вниманието на јавноста – изјави Тифани, алудирајќи на тоа дека нејзините браќа и сестрата Иванка постојано беа под лупата на медиумите.
Тифани неодамна дипломира на Универзитетот во Пенсилванија, а се претпоставува дека ќе го продолжи образованието во сферата на правото и правните науки. Таа нема да биде дел од тимот на Доналд, во кој се очекува Иванка да има важна улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.