| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Реквием за Госпоѓа Ј“ на Берлинале, Македонија дел од продукцијата

Македонија на Берлиналето ќе биде претставена и со светската премиера на новиот филм на Теона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“ во продукција на „Сестри и Брат Митевски“, како дел од програмата Панорама, што беше соопштено денеска од продуцентот на филмот. Поддржан е од Агенцијата за филм на Република Македонија, како мнозински копродуцент, со копродуценти од Словенија и Белгија

Долгометражниот игран филм „Реквием за Госпоѓа Ј“, деби на режисерот Бојан Вулетиќ, ко-продукција помеѓу СЕЕ Филм Про Србија, Геополи Филм Бугарија и Скопје Филм Студио Македонија, премиерно ќе биде прикажан на 67-от Интернационален филмски фестивал во Берлин, кој ќе се одржи од 9-ти до 19-ти февруари 2017.

Филмот ќе се прикажува во рамките на програмата Панорама, која е од натпреварувачки карактер и е посветена на независниот филм, на уметничката визија наспроти комерцијалните интереси. Панорама прикажува нови филмови на реномирани режисери, како и дела на сé уште неоткриени таленти, при што изборот дава увид на новите трендови во авторскиот филм.

Македонија на Берлиналето ќе биде претставена и со светската премиера на новиот филм на Теона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“ во продукција на „Сестри и Брат Митевски“, како дел од програмата Панорама, што беше соопштено денеска од продуцентот на филмот. Поддржан е од Агенцијата за филм на Република Македонија, како мнозински копродуцент, со копродуценти од Словенија и Белгија.

„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.

Сценариото е на Бојан Вулетиќ, директор на фотографија е Јелена Станковиќ, сценограф е Зорана Петров, костимограф Лана Павловиќ, шминка Јасмина Лилиќ, а монтажата е на Владимир Павловски.

Улогите ги толкуваат: Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Јована Гавриловиќ, Срѓан Тодоровиќ и др. Продуценти се Ненад Дукиќ, Павлина Желева, Томи Салковски и Александер Родњански.

Светската премиера на филмот е закажана за 13 февруари во 19 часот, во киното Зоо Паласт, а ќе има уште три проекции.

Реализацијата на проектот беше помогната од Агенцијата за филм на РМ, Српскиот филмски центар и Бугарскиот национален филмски центар, а поддршка даде и Еуримаж-Европски копродукциски фонд на Европска Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top