| четврток, 6 декември 2018 |

Талески доби испраќање како што доликува, со македонско знаме на грб во нова одисеја во кариерата

filip taleski

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески ги минува последните денови пред да замине во Германија и да се приклучи во тренажниот процес на неговиот нов клуб Рајн-Некар Левен. Тој синоќа имаше испраќање од најдобрите пријатели пред да се приклучи на новите клупски другари.

Талески требаше од јуни 2018 година да замине во Германија, но „лавовите“ брзаа да го ангажираат и платија обештетување да го добијат веќе оваа сезона. Заедно со Талески во Рајн Некар Левен предвреме од предвиденото ќе се врати и Дејан Манасков, кој се повреди на мечот со Исланд и го чека пауза од 3-4 недели.

„Лавовите“ се трети на табелата во германскиот шампионат со еден бод помалку од Кил и Флензбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top