| четврток, 6 декември 2018 |

Балканска доминација на СП, покрај Словенија и Хрватска се пласираше во полуфиналето

hrvatska rakomet

Во четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во ракомет одигран во Монпеље, ракометарите на Хрватска ја совладаа Шпанија со 30-29 и се пласираа во своето шесто полуфинале на мундијалите. Во натпреварот, кој ќе одлучува која репрезентација ќе игра во финалето, Хрватска за противник ќе ја има репрезентацијата на Норвешка

Шпанија подобро отвори и со двата гола на Балагер поведе со 2-0, а на тоа Хрватска веднаш возврати и во продолжение се играше гол за гол со промена на водството на двете страни. Преку Контрец во 18. минута „каубоите“ за првпат поведоа со +2 (9-11). Во продолжение кај Хрватите доминираше Марко Мамиќ (8 гола во првиот дел), а на спротивната страна тоа беше крилото Ангел Фернандез со 6 гола.

Во последните секунди од првиот дел вардаровецот Лука Циндриќ со својот втор гол донесе +2 за „коцкестите“ на одморот (15-17).

spanija rakomet

По паузата, Шпанија се обидуваше да се врати во натпреварот, но Хрватска по контрата на Хорват и голот на Муса поведе со чувствителни +4 (16-20), за да со првиот гол Лука Степанчиќ во следниот напад донесе огромни 16-21, што беше знак за тајм-аут на Жорди Рибера. Во продолжение се разигра и вардарецот Душебаев, кој постигна три гола во серија, а по голот на Виран Морос „црвената фурија“ во 45. минута намали на само -1 (24-25).

До крајот се играше брзо, а во таквата игра се чини подобро се снајдоа Шпанците и на шест минути игра по голот на Душебаев го израмнија резултатот на 28-28. Сепак до крајот подобро се снајдоа избраниците на Бабиќ и заслужено триумфираа со 30-29, за пласман во полуфиналето.

Најефикасен во редовите на Хрватска беше Марко Мамиќ со 9 гола, а ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ дополни со 5 гола. Во шпанскиот табор, Фернандез постигна 7 гола, а Алекс Душебаев постигна 5 гола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top