| четврток, 6 декември 2018 |

Под лавината во Италија досега пронајдени телата на 16 жртви

лавина

Бројот на загинати во лавината што го затрупа хотелот во централна Италија, нарасна на 16 лица, јави ТАСС.

Се уште е непозната судбината на 13 лица.

Моќната лавина, предизвикана од земјотресот и силните снежни врнежи, на 18 јануари се спушти врз хотелот „Ригопиано“ и целосно го затрупал четирикатниот туристички објект.

Во хотелот во моментот на несреќата се наоѓале над 30 лица, а лавината ја преживеаја девет гости, меѓу кои и четири деца, кои биле извадени од под урнатините. Други двајца преживеале благодарение на тоа што непосредно пред несреќата излегле од зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top