| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантна исповед – водителката била на ивица на анорексија!

катарина

Поранешната девојка на сопственикот на продуцентската куќа Емоушн, Горан Стаменковиќ и сега веќе поранешната водителка на емисијата „Се за љубов“, проговори за здравствените проблеми.

Катарина Шишмановиќ откри дека пред неколку години го занемарила здравјето, поради што драстично ослабела.

-Некогаш не обрнував внимание на здравата исхрана, па имаше еден период кога многу ослабнав и кога почнав да се чувствувам лошо. Малку килограми се нездрави, исто како и вишок и доведуваат до бројни пореметувања во организмот. Во еден момент имав 52 килограми, што на мојата висина од 178 килограми, не беше нормално, посебн не по здравствени параметри. Тогаш во исхраната вклучив јајца, црвено месо, дивеч, морска риба, сланина, кајмак, сирење и за 2,5 години успеав да се здебелам околу 8 килограми, што е најзначајно, здравјето драстично ми се подобри – рекла Катарина за магазинот „Хелоу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top