Унгарскиот професор по физичко Џорџ Виг кој во моментов се наоѓа во болница заради тешки изгореници е прогласен за вистински херој. Како што пренесоа медиумите во Италија, тој спасил 12 ученици од запалениот автобус кој во саботата кај Верона се заби во столб. За жал професорот од сите деца кои ги спасил не успеал да ги спаси своите, неговиот син Балаж (30) и ќерката Лаура (18) кои загинале во несреќата, потврдил унгарскиот конзул во Милано.
И сопругата на наставникот се наоѓала во автобусот, а и таа како и Џорџ на неколку пати се враќале во запалениот автобус за да ги спасат децата кои биле во него. Сопругата Ерика раскажала дека нивната ќерка спиела на седиштето до своето момче кога се случила несреќата.
Неутешната мајка ја здогледала Лаура заглавена меѓу седиштата, но веќе било предоцна. Конзулатот во Милано потврдил дека двете деца на парот загинале, а од синот Балаж кој бил хокеар се простил и неговиот клуб Ференцварош.
Дел од преживеаните ученици раскажале дека Виг им е еден од омилените професори кои секоја година ги носел на скијање.
Унгарските ученици само што го завршиле 7-дневното зимување во Франција, по што со автобусот преку Италија се упатиле кон дома. Од за сега непознати причини возачот на автобусот изгубил контрола над возилото по што удрил во столб кај Верона. Во несреќата загинаа 16 лица, а повеќе од 20 беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!