| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд одлучува за Брегзит

Британскиот Врховен суд денеска ќе донесе одлука за тоа дали премиерот или Парламентот имат право да го покренат процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Единаесет судии или ќе ја поддржат претходната судска одлика Парламентот да има моќ да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор или ќе ја отфрлат улогата на законодавната власт во корист на Владата, која тврди дека не и треба гласот на Парламентот за да го покрене процесот.

Случаите на Врховниот суд се сметаат за најважни тестови на уставноста, бидејќи се занимаваат со централните прашања во британските закони – линијата на поделба меѓу Парламентот и извршната моќ.

Владата смета дека може да го користи исклучивото право, кое датира од средниот век за да почне процес за напуштање на ЕУ, но Високиот суд донесе одлука во ноември дека Владата не може да дејствува самостојно, без гласање во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top