На многу ниски температури, машкиот полов орган станува се помал и потенок. Пенисот може да се намали и до 50 отсто, а во зависност колку е ладно надвор, толку и обемот му се намалува, тврдат уролозите.
Имено, кога е ладно, жилите на надворешните делови на телото се стеснуваат, бидејќи на тој начин се задржува температурата, особено централниот дел каде што се сите витални органи. Така, протокот на крв во пенисот се намалува, што има големо влијание врз големината. Во исто време, промена се случува и во тестисите, кои се повлекуваат кон телото за да ја задржат својата топлина.
Со влегување во потопла просторија, се се враќа на своето место, пишува „Менс хелт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.