| четврток, 6 декември 2018 |

Ласана Дијара ќе се офајди од ФИФА, го доби судскиот спор

lasana diara

Некогашниот играч за врска на Реал Мадрид, Челси и Арсенал, Ласана Дијара го доби спорот против ФИФА и белгиската федерација. Двете федерации ќе треба да платат глоба од шест милиони евра поради пропаднатиот трансфер во 2015 година, во Шарлероа.

ФИФА и белгиската федерација не дозволија да се реализира трансферот во Шарлероа, откако Локомотив Москва побара 10 милиони евра за реализација на трансферот. Ласана играше во Локомотив, но во 2014 година доби раскин на договорот, откако рускиот клуб реши да му ја намали платата на договорот кој му беше на четири сезони.

Стопирањето на трансферот бил неоснован и затоа сега ќе треба да му се исплатат шест милиони евра на играчот кој сега е во дресот на Олимпик Марсеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top