| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се менуваат таблите на скопските улици

tabli-skopje

Скопските улици ќе бидат означени со таблите во сина боја на која освен името ќе се наоѓа и грбот на Град Скопје. Новите ознаки се поставуваат со цел да се спречи досегашната нестандардизација и неунифицираност бидејќи во периодот од пред децентрализацијата во 2006 година во Скопје табли со улични називи поставуваа и Градот Скопје и општините.

Тоа предизвика вистинско шаренило од нестандардизирани табли во разни бои и форми: мали, големи, тесни, широки, зелени, сини, портокалови, во форма на квадрат, шестоаголник, кои уште се на старите места. Процесот на воведување ред почна со носење на правилникот за таблите, но се одвива етапно и трае со години, информираат одговорните.

Одлуката за нумерирање беше донесена на Советот на Скопје лани по низа дискусии од членовите на Советот за проблемите со кои се соочуваат жителите на главниот град во однос на ова прашање, кое сега се решава еднаш засекогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top